Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која Русија е прогласена за „окупаторска сила“ на Крим и се осудува кршењето на човековите права на полуостровот.
За Резолуцијата, што ја предложи Украина, гласаа 70 држави, 26 беа против, а 76 се воздржаа од гласање. Како што пренесува МИА, Македонија, САД и повеќето европски држави гласаа за Резолуцијата, додека меѓу оние кои се изјаснија против документот беа и Русија, Кина, Индија, Белорусија, Иран и Србија.
Со резолуцијата се осудува „привремената руска окупација на украинската територија Крим“.
Генералното собрание на ОН слична резолуција усвои и во декември 2016 година.