Во Австралија, почна со превоз на патниците првиот воз во светот на соларна енергија. „Бирон Баи Раилроад Компани“ направи воз со фотонапонски панели и електрични мотори кои користат чиста соларна енергија. Првичниот модел беше австралиски патнички воз со дизел мотори.
Една од овие мотори се замени од електричен мотор и батерија, вториот остана со цел да се постигне подобра рамнотежа и силата на возот во случај на вонредна состојба.
Е – возот сега сообраќа на рута од три километри во Бирон Баи во Нов Јужен Велс, Австралија. На почеток возот ќе вози само еден час дневно од еден хотел до плажата и за цел има да им служи на туристите.