Американски „Контур Глобал“ ќе гради електрана на Косово од една милијарда евра

Косовската Влада потпиша договор со американскиот производител на електрична енергија, компанијата „Контур Глобал“, со седиште во Њујорк, во вредност од една милијарда евра (1,18 милијарди долари) за изградба на термоелектрана со капацитет од 500 мегавати.

 

Договорот е потпишан денеска со главниот менаџер на компанијата Џозеф Бранд.

 

Изградбата на новата електрана ќе почне следната година, а предвидено е со работа да стартува од 2023 година, кога ќе ја замени застарената 55-годишна електрана Косово А.

 

Електраната ќе ги снабдува со струја, произведена по најсовремена технологија, Приштина и околните подрачја, во следните 40 години.

 

Косово, кое целата енергија ја произведува од јаглен, спроведува редовни рестрикции на струјата поради застарената производствена и дистрибутивна енергетска мрежа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien