Терористички напад во Мелбурн: Со џип влетал меѓу пешаци

Aвстралиската полиција го уапси возачот на автомобил „Сузуки СУВ“ кој влета во група луѓе во австралискиот град Мелбурн. Се уште не е соопштено дали станува збор за тероризам.

 

Полицијата на сојузната држава Викторија соопшти дека автомобилот „удрил во поголем број пешаци“ во улицата Флиндерс во центарот на градот.

 

Според Би-Би-Си станува збор за намерна ситуација на влетување со возило меѓу луѓето. Според нивните податоци, 19 особи се повредени. Меѓу повредените е и дете од предшколска возраст кое има повреди на главата и е во тешка состојба.

 

Еден од очевидците рекол дека автомобилот едноставно покосил сè, луѓето летале наоколу.

 

„Слушнавме галама, а кога погледнавме лево, го видовме овој бел автомобил како рушеше се пред себе. Луѓето летаа на сите страни. Слушнавме удар, па уште еден. Луѓето трчаа на сите страни“.

 

Локалниот сајт Ејџ објави дека еден од полицајците кажал дека се работи за терористички инцидент.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien