Убедлива победа на прилепчанецот Христијан Тасески на ММА турнирот во Врање – „Gladiator Fajt Champion“

Прилепчанецот  Христијан Тасески, член на Центарот за боречки вештини „Максам Фајт“ од Прилеп, вечерва освои убедлива победа, на меѓународниот ММА турнир во Врање – „Gladiator Fajt Champion“, со целосна доминација во двете рунди, над Вукашин Јовановиќ од Крагуевац, по што противникот бил приморан да се предаде. Тасески се натпреваруваше во категоријата до 70 кг.

 

Ова се првичните информации кои ги добивме од клубот „Максам Фајт“, а подетален извештај околу борбата редакцијата на Инфо компас очекува вечерва или во текот на утрешниот ден.

 

Од клубот информираат дека ова е прва полупрофесионална борба на Тасески и проверка за претстојните натпревари во Хрватска и Германија.

 

Инаку ова е силен професионалeн турнир со борци од регионот на ЈУ просторите.

 

 

На 29 декември пак во Урошевац, Косово, ќе се одржи турнир, во повеќе боречки вештини на кој што ќе учествуваат борци од повеќе држави како Косово, Албанија, Германија, Швајцарија, САД и Шведска. Македонија ќе ја претставува исто член од Центарот за боречки вештини „Максам Фајт“, Стефан Сталески, до 67 кг. кој ќе се бори со Арт Ложа од Косово.

 

На турнирот треба да има и полупрофесионални борби и борби за светски титули. А интересно е тоа што на турнирот ќе се борат и американски војници од базата „Бондстил“ на Косово.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.