Руски хакери на мета имале повеќе од 200 новинари од целиот свет, шпионирајќи ги на ист начин како разузнавачите и американските политичари. Асошиејтед Прес покажа дека група хакери познати како „Фенси Беар“ се обиделе да навлезат во Џи – меил адресите на најмалку 200 новинари, блогери и издавачи.
Според агенцијата, анализата на податоците кои ги обезбедила компанијата за кибер безбедност „Секјурворкс“, покажала дека „Фенси Бер“ се обидела да пробие во примените пораки на електронската пошта на најмалку 200 новинари, издавачи и блогери, од средината на 2014 година до пред неколку месеци.
Американските разузнавачки изјавија дека „Фенси Беар“ била поддржана од страна на руската влада и има сомневања дека тие се вмешале во претседателските избори во САД. Овие обвинувања се негираат од страна на Кремљ.
Меѓу 200 новинари кои беа на мета од страна на хакери, 50 биле странски дописници.