Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи би можел да го напушти „Сан Сиро“ после само шест месеци, тврдат италијанските медиуми. Ваквите вести се се почести во последно време, а како што пренесува италијански „Тутоспорт“, Леонардо Бонучи би можел да се пресели во Премиер лигата веќе оваа зима.
„Тутоспорт“ пренесува дека Антонио Конте се обидува да го убеди Бонучи да му се придружи во Челзи уште оваа зима. И минатото лето тој го посакуваше дефанзивецот на „Стефнорд Бриџ“, но Лео се одлучи да остане во Италија.
Бонучи летоска требаше да биде главна алка во новиот проект на Милан, но целата таа приказна стана ноќна приказна за „Росонерите“. Милан игра во очајна форма, далеку е од борба за место во Лигата на шампионите, па не е исклучено незадоволниот Бонучи да ја промени средината, бидејќи и навивачите го загубија трпението со него. Освен тоа, Милан би можел да биде приморан да продава играчи поради финансискиот фер-плеј.
Во Челзи би бил идеална замена за Давид Луиз, а предност за „сините“ е што има право да настапува во Лигата на шампиони.