Тропска бура на Филипини: Преку 130 мртви и десетици исчезнати

Најмалку 133 луѓе смртно настрадале во налетот на тропската бура Тембиј којашто го зафати југот на Филипини, објави во саботата полицијата во новиот извештај откако повеќе десетици тела се извадени од надојдените реки.

 

Невремето предизвика поплави и одрони на земјиштето. Најтешко е погоден островот Минданао.

 

„Се уште се обидуваме да ги потврдиме извештаите дека цело село е затрупано во одрон на земјиште, поради обилните дождови што ги донесе тајфунот“ изјави локален претставник во градот Тубод.

 

Спасувачи, војници, полицајци и волонтери се мобилизирани поради потрагите по преживеани, расчистување на урнатините и повторно воспоставување на сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија.

 

Метеоролозите наведуваат дека бурата јакнала над морето Сули и дувала со ветрови со брзина од 80 километри на час. Бурата се движи во западна насока и се очекува до понеделник да се оддалечи од Филипините. 

 

Филипини годишно ја погаѓаат дваесетина тајфуни, носејќи смрт и разорувања најчесто во сиромашните заедници на оваа земја на југоистокот од Азија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien