Во организација на здружението „Преродба“ од Прилеп вечерва во киното „Мис Стон“ се одржа концерт на староградски и народни песни на кој настапија КУД „Пензионер“ од Прилеп и пејачката група „Сирма Војвода од Битола. До идеја за организација на овој настан членките од здружението „Преродба“ дошле сосема спонтано, во еден разговор додека заедно како здружение ги виткале посните сарми за градската слава Свети Никола.
„Здружението „Преродба“ е организатор на овој концерт по повод новогодишните и божикните празници за весело и празнично расположениие и добро дружење. Концертот се организира за прв пат, но соработката со КУД „Пензионер“ и групата „Сирма Војвода“ ќе продолжи и во иднина и се надеваме дека овој концерт ќе прерасне во традиционална манифестација. Атмосферата е радосна и очекуваме весело да ги дочекаме претстојните празниците. Соработката со Општина Прилеп е одлична, тука можам да споменам дека ќе бидеме дел и од дочекот на Новата година, кој оваа година ќе има хуманитарен карактер. Како здружениие ќе дадеме и свој влог и ќе продолжиме така и понатаму, бидејќи основната мисија на здружението „Преродба“ се хуманитарните актвности“, истакна Лилјана Ѓорѓиеска, претседател на здружение „Преродба.
Пејачката група „Сирма Војвода“ од Битола функционира под под капата на Здружението на пензионери од Битола и идната година ќе одбележеле 40 години од своето постоење
„Нашата група брои околу 25 членови. На ниво на Македонија сортаботката со другите пензионерски здруженија е одлична. Имаме ние една манифестација која се вика „Пензионерите пејат“ каде учествуваат 7-8 градови. Секоја година учествуваме на тие концерти. Вечерва благодарение на здружението „Преродба“ по повод претстојниите празници дојдовме тука на овој концерт“, истакна Борис Никлески, член на пејачка група „Сирма Војвода“ од Битола.
Од КУД „Пензионер“ рекоа дека ваквите манифестации и дружења им помогаат на пензионерите полесно да гии поминуваат годините од т.н. трето и зрело доба.
„Вечерва ќе се претставиме со околу 5 песни. Постоиме над 40 години, дружењето е поводот за да пееме, да ја оживуваме песната. Многу ни е мило што на овие средби се негува музиката и ние како личности во зрелото доба се ослободуваме за да можеме да зрачиме стабилно во нашите средини и семејства. Ја негуваме староградската музика, но пееме и новокомпонирании песни. Често пати учествуваме на вакви концерти низ целата држава“, вели Мирјана Дамчевска, член на КУД „Пензионер“ – Прилеп.
На манифестацијата присуствуваше и градоначалнијкот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.