Втор ден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
Email
Print

Во Домот на културата во Валандово денеска продолжи со работа 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој што се очекува да биде избран новиот претседател на партијата по оставката на Никола Груевски.

 

Синоќа, на првиот ден од работата на највисокиот партиски орган присусустваа 411 од вкупно запишаните 544 делегати. Со оваа бројка се исполни обрската од членот 18 од партискиот статут, според кој „конгресот може да работи ако се присутни најмалку две третини од вкупниот број делегати“, односно најмалку 363 делегати. Денес пристигнаа уште седум делегати, што нивниот број се искачи на 418.

 

По многу нешта овој вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде историски. По 11 години се избира нов лидер, а токму тоа прашање го подели највисокото партиско раководство.

 

Пратеници и поранешни министри не се појавија на конгресот. Бараа одложување, ама Груевски рече не на таквото барање. Лидерот во оставка самиот рече дека заминува од претседателската позиција не со еден, туку со многу ножеви во грб.

 

Никола Груевски на денешниот вонреден конгрес на партијата во Валандово, порача дека неговата партија повторно ќе се врати на власт во Македонија.

 

„Овој конгрес е најава за нова победа и враќање на власт на Република Македонија. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го има 11 години. Кога имавме успешен напредок, кој ја движеше Македонија, имавме успешни резултати“, истакна Груевски.

 

За нов лидер на партијата ќе биде назначен Христијан Мицковски. Синоќа, пред почетокот на конгресот, Мицковски рече дека им подава рака на неговите партиски неистомисленици.

 

„Во периодот што претстои не само што има подадена рака, туку и прегратката е отворена и за сите добронамерници и граѓани на кои политките на ВМРО-ДПМНЕ им се блиски да помогнат затоа што сведоци сме последниве седум месеци е период на закани, уцени на Владата предводена од СДСМ, а мене лично ме загрижува безидејноста во насоките каде оди државата“, рече Мицковски.

 

На конгресот се присутни и претставници од коалицијата “За подобра Македонија”, Лидети и од Демократската Унија за интеграција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи