Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ ќе ги надградуваат своите знаења во Мадрид и Софија

Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп продолжува со реализација на проекти од програмата „Еразмус +“ на Европската комисија при Советот на Европа, со помош од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

 

Во рамките на проектот „Practice Makes Professionals“ предвидени се две обуки за наставници и две мобилности со ученици. Според координаторот, професорката Билјана Рошкоска, основна цел на проектот е учениците да ги потврдат знаењата и практичните вештини добиени низ образовниот процес во училиштето, но и да стекнат нови, кои по враќањето ќе ги пренесат на соучениците.

 

 

„Во првата половина од месец јануари 2018 година , со десет ученици од здравствената струка, ќе се оствари и првата мобилност во Мадрид, Шпанија. Потоа следува мобилноста со десет ученици од струката лични услуги во Софија, Бугарија. За првата мобилност која ќе се реализира од 10 јануари до 31 јануари ,учениците од здравствената струка имаат подготовки организирани од нивните професорки Петра Лукароска и Даниела Јорданоска, кои учествуваат во проектот. На припремни подготовки  се реализираат активности во кабинетот по нега на болен, во одделенијата од Општа Болница Прилеп, Старски дом „Киро Крстески Платник“, обука за тимска работа, посета на општа амбуланта и аптека“, велат од СОУ „Ѓорче Петров“.

 

Наставниците веќе ги реализираа предвидените обуки во Барселона и во Мадрид, Професорите на овие обуки ги надополнија своите професионални портфолија со нови искуства и методи за наставна работа и разменија искуства со колегите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи