Денеска се слави Божик по Грегоријанскиот календар

На традиционалната полноќна миса на Бадник во Ватикан, со која почна прославата на Божик, раѓањето на Исус Христос, според Грегоријанскиот календар, синоќа папата Франциско упати апел да се сакаат ближните и да се негува гостопримството.

 

„Исто како некогаш Марија и Јосиф, денес милиони луѓе се принудени да ја напуштат својата татковина, „зашто се протерани од својата земја. Во многу случаи бегството е во надеж за подобар живот, но во многу случаи тоа има само едно име: преживување“, рече поглаварот на Римокатоличката црква, врховен поглавар на 1,2 милијарди католици, додека се обраќаше пред околу 10.000 луѓе од Базиликата Свети Петар. Многу верници ја следеа мисата од плоштадот пред црквата.

 

Освен Римокатоличката црква, денеска Божик го слават и протестантските, англикански цркви, како и некои православни цркви кои прифатиле ново сметање на времето по Грегоријанскиот календар.

 

Додека голем број западни земји го прославуваат Божиќ на 25 декември, кај нас, во Русија, дел од другите Советски републики, Србија, Црна Гора, Ерусалим, Света Гора, Грузија, Египер, Етиопија и други, Божик се слави 13 дена подоцна. Причината поради тоа што Божик се слави на 7 јануари е тоа што овие земји ги слават празничните денови според јулијанскиот календар, кој во моментов е 13 дена зад грегоријанскиот календар.

 

ДРЖАВИ КАДЕ БОЖИК СЕ СЛАВИ ПО ЈУЛИЈАНСКИОТ КАЛНЕДАР

 

Јулијанскиот календар бил создаден под владеењето на Јулиј Цезар во 35 година п.н.е и бил широко користен пред воведувањето на грегоријанскиот календар, предложен од латинскиот папа Грегориј од Рим во 1582 година.

 

Според Јулијанскиот каендар денеска се слави Св. Спиридон Чудотворец, кој се смета за заштитник на занаетчиите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.