Премиер лигата влегува во оној дел кога натпревари се играат скоро секој ден. Екипите речиси и да немаат одмор, но тоа не ги интересира големиот број на љубители на оваа лига, кои едноставно живеат за овој период.
Почнувајќи од утре па се до 5 јануари, само еден ден ќе нема натпревар во англиската Премиер Лига. Осум дуели се закажани за „Боксинг деј“ (26 декември), денот по Католичкиот Божиќ.
В среда, Њукасл ќе го пречека лидерот Манчестер Сити, а в четвртокот, Кристал Палас ќе се судри со Арсенал. За петок нема натпревари и тоа е единствениот ден без премиерлигашки фудбал во празниците. Веќе в сабота ќе имаме можност да гледаме неколку фантастични средби, како на пример, Ливерпул – Лестер Сити и Манчестер Јунајтед – Саутемптон. В недела, односно на 31 декември, премиерлигашките возбудување за оваа година ќе ги затворат натпреварите меѓу ВБА и Арсенал и Кристал Палас против Манчестер Сити.
На првиот ден од 2018 година ќе се одиграат пет натпревари во Премиер лигата, а дефинитивно најинтересен ќе биде дуелот меѓу Евертон и Манчестер Јунајтед, каде во центарот на вниманието ќе биде легендата, Вејн Руни. На втори јануари следат четири меча, а на третиот на програмата е големото дерби на Лондон, меѓу Арсенал и Челзи.
Тотенхем и Вест Хем ќе играат на 4-ти јануари, со што ќе заврши премиерлигашкото „лудило“ по што ќе следува пауза до 13 јануари.