Спасени 150 скијачи кои со часови биле заробени во кабини поради дефект на жичница на Алпите

Facebook
Twitter
Email
Print

Околу 150 скијачи поради дефект на жичница на француските Алпи во текот на вчерашниот ден останаа да висат стотици метри над земјата, заглавени во кабините.

 

На спасувачките служби им требаа околу два и пол часа за да ги спуштат сите на земја, соопшти претставничката на локалните власти Виолен Демаре за агенцијата Дпа.

 

„Небото беше сино, а временските услови беа совршени“, кажа Демаре.

 

Властите известија дека два хеликоптери пренесоа спасувачи до секоја кабина за да ги отворат покривите, да ги ослободат скијачите внатре и да ги спуштат на безбедно. Француските власти посочија дека благодарение на добрите временски услови во текот на утрото спасувачките екипи  успеале брзо да интервенираат и да им помогнат на скијачите.

 

 

Во инцидентот во скијачкото одморалиште Чамурос во југоисточниот дел на Франција никој не бил повреден. Сѐ уште не се знае што го предизвикало дефектот на жичницата.

 

Кабините на жичницата минуваат на околу 600 метри од тлото и доаѓаат на висина од 2.200 метри. Скијачкиот центар во моментов е полн со туристи за божиќните празници.

 

Скијачкиот центар во моментов е посетен од голем број туристи поради божиќните празници и одличните временски услови за зимски спортови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи