САД го кратат финансискиот придонес во Обединетите нации

САД соопштија дека го намалуваат придонесот во буџетот на Обединети нации за повеќе од 285 милиони долари за фискалната 2018-19 година. Намалувањето ќе се однесува на управувањето и поддршката на ОН.

 

Американската амбасадорка во Организацијата, Ники Хејли предупреди дека веќе нема да се злоупотребува великодушноста на американскиот народ, обвинувајќи ги земјите-членки за неконтролирано и неефикасно трошење на средствата.

 

Хејли наведе дека станува збор за историска одлука и претставува „голем чекор во добар правец“ за зголемување на ефикасноста на ОН.

 

„Ова историско намалување на потрошувачката- покрај другите бројни мерки за поефикасни и поверодостојни Обединети нации- е голем чекор во вистинска насока. Иако сме задоволни од резултатите на преговорите за овогодинешниот буџет, можете да бидете сигурни дека ќе продолжиме да бараме начини да ја зголемиме ефикасноста на ОН, истовремено штитејќи ги нашите интереси“, додаде таа.

 

Финансиските санкции беа најавени за време на гласањето за резолуцијата со која се осудува едностраното признавање на Ерусалим за израелска престолнина од страна на Вашингтон.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien