На новинарско прашање дали го поддржувате ставот на вицепремиерот Анѓушев кој тој го даде во врска во промената на името на државата, премиерот на Македонија, Зоран Заев истакна дека тој е демократ и дека ги почитува сите мислења. Смета дека 2018 првото полугодие е одличен период да се најде решение на овој проблем и Македонија да исчекори напред.
„Вицепремиерот Анѓушев е повикан од коморите, буквално практичар да дојде тука за да помага околу економските прашања. Јас сум демократ ги почитувам сите размислувања и дебати. Немаме навлезено во суштина на разговорите со Грција. Се надевам дека ќе навлеземе во суштината со конечно решение на овој проблем кој што Грција го има со нашето уставно име. Веројатно варијаблите кои се дискутираат во јавноста си дозволил и вицепремиерот Анѓушев да ги коментира отворено. Треба да знаат граѓаните дека ќе бидеме транспарентни во процесот, но досега на она што е разговарано во посредништвото со Метју Нимиц е решителноста на двете страни да навлезат суштински во решавањето на проблемот кој што го има Грција. Јас верувам дека ќе се изнајде решение на сите нивоа. Пред се помеѓу министрите за надворешни работи, помеѓу нас премиерите, 2018 првото полугодие е одличен период да најдеме решение на овој проблем и Македонија да исчекори напред. Да добиеме датум за преговори со ЕУ и да ја стартуваме автоматската покана од НАТО за полноправно членство“, истакна премиерот Зоран Заев.