Околу 45.000 полицајци, припадници на Федералната служба на руската национална гарда и приватни компании за обезбедување, спасувачи и здравствени работници ќе бидат ангажирани за време на новогодишните манифестации во Москва, соопшти шефот на градското Одделение за култура Александар Кибовски.
„Околу 45 илјади луѓе ќе бидат подготвени да го поддржат јавниот ред и мир во нашиот град за време на новогодишните празници“, изјави Кибовски.
Тој прецизираше дека ќе бидат ангажирани по 20.000 полицајци и гардисти, 2.000 припадници на групите за безбедност, 1.200 членови на единиците за брза интервенција, повеќе од 1.300 вработени во компании за пружање услуги на обезбедување, како и 20 единици на Брза помош и 80 амбулантни возила.
За безбедноста на главните детски претстави за време на прославата на Нова година ќе бидат ангажирани 600 луѓе од приватните компании за обезбедување од 12 окрузи.
За време на новогодишните и божикните празници во Москва ќе бидат одржани повеќе од 300 настани, меѓу кои и најголемиот авропски божикен фестивал „Патување кон Божик“. На тој фестивал лани присуствуваа 12,2 милиони лица.