Хан: 2025 е амбициозна, но реална цел за прием на кандидати од Балканот во ЕУ

Facebook
Twitter
Email
Print

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан оцени дека 2025 година, како датум за евентуален прием на одделни кандидати од Балканот во ЕУ, е реална, но амбициозна цел.

 

„Претседателот на Европската комисија ја наведе, за некои кандидати, 2025 како можен датум за пристапување. Ова е реално, иако амбициозно“, рече Хан во интервјуто за виенскиот дневен весник „Курир“.

 

Во врска со иднината на ЕУ, европскиот комесар за проширување потсетил дека Комисијата претставила пет опции за реформа на Унијата и изразил надеж дека ќе биде постигнат договор околу една средишна позиција.

 

„Основата ќе биде концентрација на големи, глобално релевантни теми и препуштање на другите теми на националните држави“, објаснил Хан.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи