ВИДЕО : Екипата на „Марфил“ е победник на турнирот во мал фудбал „Свети Никола“

Екипата на „Марфил“ е победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал кој изминативе 16 денови се одржуваше во Прилеп. „Марфил“ во вечерашното финале со 1 : 0 ја победи екипата на „Зоки 2006“. Оваа екипа доаѓа од Куманово, а спонзор им е месната индустрија „Марфил“ од Прилеп. Од „Марфил“ за најдобар играч на целиот турнир беше прогласен и Драган Петровиќ. Наградите на турнирот ги подели градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

 

 

„Ова е прекрасен турнир на кој ние доаѓаме веќе 5-та година по ред. Атмосферата во текот на целиот турнир беше прекрасна, публиката беше одлична, исто така и целата организација ја оценувам со највисоки оценки. Се надевам дека и наредната година ќе дојдеме тука“, истакна Драган Петровиќ, најдобар играч на турнирот од екипата на „Марфил“.

 

Второпласираната екипа „Зоки 2006“ им го честитаа големиот успех на „Марфил“ и ја поздравија одличната организација на оваа манифестација.

 

„Најпрво поздрав и честитки до победниците на овој турнир. Турнирот е одлично организиран од страна на Општина Прилеп, секоја чест, секоја година е се подобар и подобар се надеваме дека и наредната година ќе продолжи да се организира овој турнир. Дојдовме еве како екипа до самиот крај, но несреќно примивме гол во последните минути и тоа е тоа, мора да има победник“, рече Кире Јованоски, член на „Зоки 2006“.

 

Екипата на „Волци“ со 4 : 2 ја победи екипата на „Мите Транс“ и го освоија третото место на турнирот.

 

„Турнирот имаше одлична динамика, победи најдобриот, но сепак сите екипи го дадоа својот максимум, играа, се натпреваруваа, целиот турнир завршии во еден спортски дух. Салата беше преполна со публика на сите натпревари и целата атмосфера беше одлична“, изјави Тони Наумоски, член на екипата трето пласираната екипа „Волци“.

 

Трите екипи добија и паричнии награди, првото место освои 160.000 денари, второто 90.000 и третото 60.000 денари. За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Јорданчо Наумоски од екипата која заврши на четвртото место „Мите Транс“.

 

„Овој турнир е еден од најдобрите во Македонија, сакам да ја пофалам добрата организација и сакам да им го честитам првото место на екипата на „Марфил“, кажа Јорданчо Наумоски од „Мите Транс“.

 

 

Кај ветераните победник беше екипата на „Златна рака“ која својата парична награда од 20.000 денари ја донираше за Општата болниица „Борка Талески“ од Прилеп.

 

„Ние решивме наградата да ја донираме на Општата болница од Прилеп. Конкуренцијата беше силна, но морам да потенцирам дека и минатата година бевме први така што ја одбранивме титулата и се надевам и понатаму ќе се организирaат вакви турнири од хуманитарен карактер“, Менде Тркалески, член на екипата на ветерани „Златна рака“.

 

Градоначалникот Јованоски се заблагодари за одличната организација на „Локалниот спортски сојуз“ и компанијата „Комфи Ангел“.

 

„Уште еднаш сакам да повторам дека овој турнир е од хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на Центарот за деца заболени од церебрална парализа. Уште еднаш во оваа прилика на сите граѓани им ги честитам претстојните празници и ги повикувам сите заедно на 31 декември заедно да ја пречекаме Новата година на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Организаторите на овој настан ветија ветија уште подобра организација, забава и дружење идната година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи