Катастрофален пожар во Бронкс

Facebook
Twitter
Email
Print

Дванаесет луѓе загинаа, меѓу кои и едно бебе во голем пожар што изби во станбена зграда во Бронкс, Њујорк. Пожарот избил на првиот кат на една зграда, по што се раширил на повеќе катови.

 

Шефот на пожарникарската служба, Даниел Нигро рече дека се истражува причината за пожарот, и додаде дека пожарникарите успеале да спасат 12 луѓе. Би-би-си ги пренесува сведочењата на преживеаните кои изјавиле дека луѓето умирале врескајќи. Њујоршкиот градоначалник Бил Де Блазио соопшти дека лекарите се борат за животот на четири луѓе.

 

„Ова е најголемата трагедија што сме ја виделе во овој град во последните 25 години. Ги повикувам сите граѓани да се молат за сите што се засегнати во оваа трагедија“, изјави градоначалникот де Блазио.

 

Медиумите наведуваат дека по бројот на жртви ова најлошиот пожар што се случил за време на една од најстудените ноќи оваа зима.

 

„Се рабудив и сѐ што видов беше чад. Целата зграда гореше“. „Сѐ се случуваше многу брзо. Сѐ уште не беше дојдена противпожарната служба кога чад излегуваше од сите страни. Луѓето се спасуваа преку противпожарните скали“- сведочат жители на зградата.

 

Пожарот избувна на првиот кат на станбена зграда во градската населба Бронкс во околу 19:00 по локално време (1:00 по средноевропско време)  и многу брзо се прошири на останатите катови на зградата . Пожарникарите се бореа со огнената на надворешна температура од минус десет Целзиусови степени. Според наводите на противпожарната служба, во гаснењето на пожарот биле вклучени 160 пожарникари.

 

Слична трагедија се случи и во Индија. 16 луѓе го загубија животот, а над 30 се повредени во пожар што зафати ресторан во трговскиот центар „Камала Милз“ во финансиската престолнина Мумбаи.

 

„Пожарот изби на терасата. Луѓето панично почнаа да трчаат насекаде. По 15 минути дојде противпожарната бригада, но за жал многумина останаа заробени внатре“, вели Маној Сатви, телевизиски продуцент.

 

Според првичните податоци, пожарот бил предизвикан од краток спој. Некои ресторани и продавници кои се наоѓаат во комплексот, не ги почитувале мерките за безбедност. Во гаснењето на огнот, кој траеше повеќе од пет часа, учествувале осум пожарни возила.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи