Лајчак: 2017-та година пресвртница за земјите од Западен Балкан

Facebook
Twitter
Email
Print

Според претседaтелот на Генералното Собрание на ОН, Мирослав Лајчак, 2017-та година била година на пресврт за државите од Западен Балкан поради зачестените разговори за проширување на ЕУ.

 

Словачкиот дипломат смета дека политичарите треба да се посветат на идните прашања на Балканот, а не на минатото коешто ја окупира нивната дневно- политичка агенда и потенцира дека Дејтон 2 нема да се случи, а Специјалниот суд за злосторства на ОВК треба да биде прифатен и почитуван.

 

Лајчак наведува дека ЕУ разбрала дека има обврска спрема државите од Западен Балкан, бидејќи им е ветена европска перспектива на тие држави.

 

“Тие држави се во процес на реформи и промени и ние треба да го почитуваме нашиот збор“, изјави Лајчак.

 

Словачкиот дипломат смета дека тоа не е политичка одлука на ЕУ и таа мора да се заснова на резултати од процеси кои се во раце на државите од тој регион.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи