„Мерцедес-Бенц 770К грос опен турер“, кој бил направен по специјална нарачка од Хитлер во 1939 година и во кој тој се возел на своите паради ќе се продава на аукција во јануари, а парите ќе бидат дадени во фондации кои едуцираат за Холокаустот.
Автомобилот бил направен по специјална нарачка од самиот Хитлер, кој го користел при посетите на државници од пријателски земји. Тој првпат бил виден во јавност во октомври 1939 година, а потоа и во парадата во 1940 година, во чест на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини.
Бидејќи бил наменет да превезува светски лидери, на автомобилот се додадени и низа безбедносни мерки, како 30 милиметри дебелото ветробранско стакло отпорно на куршуми.
По завршувањето на војната, „мерцедесот“ бил запленет од американската војска и предаден на користење на командата на воената полиција, стационирана во францускиот град Л‘Авр.
Мерцедесот потоа бил пренсен во САД каде сменил неколку сопственици, пред да биде продаден во Европа во 2004 година.
Погонет од 7,7-литарски осумцилиндричен мотор, тој можел да постигне максимална брзина од 106 километри на час.