„Индепендент критикс“ веќе 28 години со ред ја објавува листата на најубавите жени на светот, што е и своевиден стандард за убавина.
Тимот што стои позади овој проект нагласува дека тие не бираат исклучиво познати личности, ниту пак се фокусираат на сексапилни тела. Нивата желба е јавноста да ја запознаат со убавиците кои поседуваат елеганција, грациозност, но и страст која што избива од нив.
На прво место на листата се наоѓа глумицата Лајза Соберано, која според жирито е жената со најубаво лице во светот. После неа следуваат Тилан Блондо, француската манекенка која што пред десет години беше прогласена за најубаво девојче на светот. На третото место е тајванската пејачка Чоу Цу-Ју.
123