Нов меѓународен успех на клубот „Максам фајт“, убедлива победа на прилепчанецот Сталески на турнирот во Косово

Прилепчанецот  Стефан Сталески, член на Центарот за боречки вештини „Максам Фајт“ од Прилеп, вчера освои убедлива победа на меѓународниот турнир за повеќе боречки вештини како што се Бокс, Кикс бокс и ММА, кој што се одржа во Урошевац, Косово, во спортската сала „Бил Клинтон“.

 

Сталески се натпреваруваше во категоријата до 67 кг. и во втората рунда го победи својот противник Арт Ложа од Косово, кој ја предаде борбата поради полуга на раката.

 

На натпреварот учествуваа борци од повеќе држави како Косово, Албанија, Германија, Швајцарија, САД, Шведска и Македонија.

 

Интересно беше тоа што на турнирот се бореа и американски војници од базата „Бондстил“ на Косово.

 

Од „Максам фајт“ велат дека биле одлично пречекани на турнирот и упатуваат голема благодарност до организаторите.

 

Инаку турнирот беше во организација на „Internacional charity fight“ и е од хуманитарен карактер.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи