Вчера џудо Клубот „Бушидо“ од Прилеп ги додели наградите за најдобрите натпреварувачи и натпреварувачки за 2017 година на ниво на клубот.
- Најдобри најмлади членови на клубот се прогласени Матеа Илиеска и Бојан Наскоски
- Ема Димитриоска, Сара Атанасоска и Матеја Кочоска го дела 4-тото место
- Марија Талеска и Мартина Јанкоска беа 3-то место
- Елеонора Илиоска беше 2-ро место, додека пак
- Првото место го освои Теодора Ристеска – државен репрезентативец на Р. Македонија во кадети
Џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп е еден од најперспективните клубови во Македонија. Иако постои само 3 години во 2017 година, под менторство на тренерот Рубин Пеески освои 104 медали на повеќе државни и меѓународни првенства. Тоа е огромен успех за еден клуб за толку мал период. Годинава од џудо клубот „Бушидо“ излегоа и 5 репрезентативци.
Според Пеески клубот во наредниот период напорно ќе се подготвува за европските и балкански првенства кои им претстојат.
Во духот пак на празничната атмосфера вчера на настанот присуствуваше и Дедо Мраз кој на члченовите на клубот им подели новогодишни пакетчиња.
Изјавите на добитниците на награди и дел од атмосферата од вчерашниот настан погледнете во видеото.