Синоќа околу 20:00 часот на гинеколошкото одделение во Прилеп се роди првото бебе во 2018 година. Бебето е девојче тешко 3.230 грама, а долго 51 цм. Мајката, Дијана Капкоска, рече дека е возбудена и дека се чувствува прекрасно.
„Ова ми е прво бебе, се чувствувам прекрасно, радосна сум како мајка, а малата принцеза ќе се вика Дарија“, изјави мајката Дијана Капкоска.
Д-р Роза Ковилоска, специјалист педијатар во одделението за неонатологија, раѓањето на женско новороденче е најава дека годинава ќе биде бериќетна.
„Годинава ни започна добро. Се роди женско, здраво новороденче од 30 годишна мајка, во 41-ва гестациска недела, со уредни витални параметри, во добра здравствена состојба. Му посакуваме многу успех, здравје, среќа“, рече д-р Ковилоска.
Мајката и бебето денеска ги посети и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоскии и им врачи штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци.
„Околу 20:00 часот се роди здраво, женско дете со витални функции. Им честитам и им посакувам многу здравје и среќа и на родителите. Исто така сакам да им ја честитам и Новата 2018 година во добро здравје, радост, среќа и успех“, рече Јованоски.
Новогодишни пакетчиња денеска добија и сите дечиња хоспитализирани во детското и во неонатолошкото одделение од градската болница во Прилеп.