Патниците на Hawaiian Airlines полетаа во 2018, а слетаа во 2017 година

Новозеландски патници кои тргнале да ја прослават новата година на Хаваи имале луда ситуација да полетаат во 2018, а да слетаат во 2017 година.

 

Летот 466 на „Хаваијан ерлајнс“ требало да тргне од Окленд, главниот град на Нов Зеланд, на 31 декември, во 23.55 часот по локално време, но дошло до непланирано одложување од десет минути. Поради тоа, авионот полетал за Хонолулу во новата година, пет минути по полноќ на 1 јануари.

 

Бидејќи Хаваи се наоѓаат на другата страна од меѓународната линија на датуми, Хонолулу е временски 23 часа зад Окленд, па по осумчасовен лет, авионот пристигнал на својата дестинација кога таму сѐ уште беше 2017 година, во 10.16 часот.

 

На тој начин патниците од овој лет двапати ја дочекаа Новата година. Оваа необична ситуација била забележана од новинарот од Вашингтон, Сем Свини, кој ги објавил податоците за летот на Твитер.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи