Заробен „Белобрадиот“ – најбруталниот крвник на ИСИС

Facebook
Twitter
Email
Print

Озлогласениот крвник Абу Омер, познат како Белобрадиот, е фатен во Ирак, пренесуваат светските медиуми.

 

Абу Омер бил директен надзорник на погубувањето на десетина хомосексуалци и други цивили кои се противеле на правилата на самопрогласениот калифат на Исламската држава. Во неколку садистички снимки со егзекуции е прикажан како ги надгледува милитантите додека фрлаат хомосексуалци од зграда, им сечат глави на луѓе или ги каменуваат поради прељуба и други „престапи“.

 

Медиумите наведуваат дека Омер е фатен во Мосул минатата недела, откако локалните жители го предале неговото скривалиште на безбедносните сили, објави иранската агенција ANBA цитирајќи ирачки медиуми.

 

Според извештајот што го објави организацијата Human Rights Watch минатиот месец, во Ирак се заробени околу 20.000 луѓе осомничени за поврзаност со ИСИС. Истрагата на „Associated Press“ откри најмалку 133 масовни гробници што екстремистите ги оставиле зад себе во Ирак, а се проценува дека во нив се најдени меѓу 11.000 и 13.000 тела на жртви.

 

ИСИС беше практично истерана од Мосул, но се претпоставува дека нешто помалку од 1.000 припадници на терористичката група уште оперираат во Сирија и Ирак, каде некогаш имаа окупирано голем дел од двете земји, вклучувајќи ги поголемите градови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи