Трамп до Џонг-Ун: „Моето нуклеарно копче е поголемо“

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер му одговори на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој претходно се пофали дека имал нуклеарно копче на неговата работна маса. Трамп во пораката вели дека неговото нуклеарно копче било „многу поголемо и помоќно“.

 

„Дали некој од неговиот исцрпен и гладен режим ќе го информира дека и јас имам нуклеарно копче, но тоа е многу поголемо и помоќно од неговото, и моето копче работи“, напиша Трамп.

 

Во телевизискиот говор во понеделникот, Ким Џонг Ун изјави дека „целата територија на Соединетите држави се наоѓа на дофат на севернокорејското нуклеарно оружје чие копче е на неговото биро.

 

Аналитичарите сметаат дека иако за сега нема реакција од Пјонгјанг, режимот на Ким Џонг- Ун со воодушевување ќе ја дочека ваквата реакција на Трамп, бидејќи со таквите пораки тој го третира севернокорејскиот лидер рамен на себе, што претставува своевидна победа.

 

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли пак се закани со нови санкции за Пјонгјанг, доколку земјата изврши уште една ракетна проба. САД веќе издејствуваа заострување на санкциите кон Северна Кореја, откако нејзината армија изврши неколку ракетни проби во 2017-та година при што лансираше ракети кон јапонија. Вашингтон изврши притисок и врз Кина, обвинувајќи ја дека ги крши санкциите кон Северна Кореја и тајно и доставува нафта.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи