Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ги критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп поради нивната поддршка на протестите во Иран. Чавушоглу на средба со новинарите во Анкара рече дека Турција е против странско мешање во внатрешните работи во Иран.
Тој истакна дека се сретнал со иранскиот колега Мохамед Џавад Зариф со кого разговарал за политичката состојба во Иран, за одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и за курдското прашање.
„Ако дојде до промени во Иран, тоа треба да биде преку избори“, изјави Чавушоглу.
Според Чавушоглу, Зариф за состојбата во Иран рекол дека не е толку драматична како што се претставува во медиумите и е слична на протестите во Турција околу истанбулскиот парк Гези, каде еколошки протести прераснаа во антивладини протести.