Хари Кејн станува најплатен фудбалер во Премиер лигата?

Facebook
Twitter
Email
Print

Раководството на Тотенхем ќе му понуди на Хари Кејн нов договор, и при тоа ќе го направи најплатениот Англичанец во Премиер лигата. Имено, Кејн во моментот заработува 110.000 фунти неделно, а по потпишувањето ќе заработува 200.000 фунти неделно, или поточно 9.6 милиони фунти годишно, додека договорот ќе треба да важи до јуни 2022 година.

 

Доколку најдобриот стрелец во Англија се согласи да ја продолжи соработката, ќе застане пред Рахим Стерлинг како најплатен англиски фудбалер во лигата, кој моментално во Сити заработува 180.000 фунти неделно. Со 110.000 фунти неделно, Кејн е на 35 место според примањата во Премиер лигата.

 

Сепак, управата на „петлите“ пред се се надева дека со овој договор ќе го тргне Кејн од рацете на Реал Мадрид, односно ќе ја задржи етикетата на играчот – „Не е на продажба“.  Наводно, Флорентино Перез подготвува мега понуда за 24-годишниот голгетер за која смета дека ќе биде доволна за Тотенхем да попушти, а изнесува 150 милиони евра и Герет Бејл во пакет.

 

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, ги прокоментира гласините за можното заминување на Хари Кејн во редовите на Реал Мадрид.

 

„Како одговорна личност во Тотенхем, би рекол дека не сакаме да го продадеме. Кејн ќе остане тука и сите ќе мора тоа да го сфатат. Ако играчот побара да си оди, како што беше случајот со Модриќ и Бејл, тогаш ќе видиме што ќе биде. Тоа засега се нема случено со Кејн. Се надевам дека тој ќе остане тука уште многу години и ќе ни донесе многу голови, победи и титули. Тоа е она што ние го сакаме“, изјави Покетино.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи