ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Јованоски и Заев оставија без работа околу 270 луѓе во Прилеп

Сакаме да ја информираме целата јавност, а воедно да упатиме апел до градоначалникот Илија Јованоски и до г-динот Зоран Заев дека политичкиот притисок и реваншизам најитно мора да го прекинат. Истакнаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Со доаѓањето на Новата година,т.е. од првиот ден во неа, без работа во Прилеп останаа околу 270 луѓе, претходно вработени во училиштата, јавните претпријатија,градинките, болница итн.

 

Денес ќе се задржиме само на политичките притисоци, закани и реваншизам кои Јованоски и Заев ги прават во образованието. На ниво на општина во моментов има околу 120 вработени во образование на кои им се прекинати договорите за работа. 20 од нив се со исполнети услови за трансформација.

 

Сите кои тужат заради тоа што ново назначените директори не постапуваат по закон,од истите тие директори имаат добиено изјави дека нивните работни места не се од траен карактер. И замислете тоа го прават со изјава за моралана и кривична одговорност.

 

Тврдат дека местата не се од траен карактер, при што сите директори треба да одговаараат кривично за давање на лажни изјави. Постои голема дискриминација при полагањето на тестот за познавање на мајчиниот јазик бидејќи сите директори ги имаат тестовите и тие тестови се даваат на кандидатите со политичко CV од СДС. А нормално тестот не смее да се дава, а и ако веќе им се дава нека им се даде на сите.

Својствено за сдс- политичка дискриминација.

 

До сега во еден месец раководење на училиштата од страна на директорите повеќе пати се има направено прекршување на законот. Интервентните договори на вработените се потпишани уште за еден месец со што се крши законот бидејки само еднаш во образование треба да се потпиши интервентен договор во траење од еден месец.

 

Овде, сакаме да реагираме и за 19-те вработени во градинките во Прилеп кои останаа на улица, особено имајќи ја во предвид изјавата од вчера на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која кажува дека во петокот ги потпишала согласностите за продолжување на договорите, па и самата таа се прашува зошто договорите не им се продолжени?

 

Дали некој локален моќник во Прилеп тргнал против нејзината одлука?

 

Дали е тоа градоначалникот Јованоски, новата директорка на градинките или раководството на СДС?

 

Ги повикуваме сите надлежни органи меѓу кои просветниот, трудовиот инспекторат да ги проверат овие наши укажувања и да превземат соодветни мерки.

 

Искрено жалиме што нашите укажувања за време на кампањата дека се работи само за лаги и изборни манипулации на сдс се покажаа веднаш по нивното доаѓање на власт за вистинити“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи