Највредните играчи на светот: Нејмар и Меси на врвот, Роналдо дури на 49. место

Традиционално на почетокот на секоја година Институтот за спортска статистика (ЦИЕС) ја објавува листата на највредни фудбалери на планетата гледајќи девет најважни параметри, меѓу кои најважни се годините, формата, репрезентативното искуство и должината на договорот.

 

Според ова на врвот е најскапиот играч на светот Нејмар за кого ПСЖ во летниот преоден рок и уплати на Барселона 222 милиони евра. Неговата вредност е проценета на 213.000.000 евра со што на самиот врв е пред Лионел Меси (202.000.000) и првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн (194.700.000).

 

Во Топ 10 се уште Килијан Мбапе со 192,5 милиони, потоа Пауло Дибала (174,6), Деле Али (171,3), Кевин де Брујн (167,8), Ромелу Лукаку (164,8), Антоан Гризман (150) и Пол Погба (147,5).

 

Интересно е тоа што Кристијано Роналдо кој ги добра двете најзначани индивидуални награди за 2017 година (The Best на ФИФА и „Златната топка“ на Франс Фудбал) е дури на 49 место со вредност од „само“80.400.000 евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien