Околу 200 членови на една од најпознатите мафијашки кланови „Ндрангета“, чие што седиште е во регионот Калабрија, се уапсени во заедничката акција на италијанската и германската полиција.
Целта бил мафијашкиот клан на семејствата Фарао и Маринкол, кои развиле бизнис мрежа во двете земји. Тие поседувале приватни компании за вино, за храна, за собирање на отпад и за погребални услуги.
Меѓу уапсените имало и официјални лица, односно функционери, кои се осомничени за корупција.
„Голем број на државни службеници се осомничени за корупција“, стои во соопштението до јавностао од италијанската полиција, но не се прецизира дали станува збор за осомничени само во Италија или, пак, и во Германија.
За време на акцијата одземен е имот вреден 50 милиони евра.