Македонскиот вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи денеска е на средба со грчкиот минситер за надворешни работи, Никос Коѕијас и со алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос. Цел на средбата е решавање на повеќедеценискиот спор со името со Грција, а ќе се разговара за трите предлози за името на Македонија.
Вицепремиерот Османи во пресрет на денешна тапосета на Грција изјави дека Скопје и Атина работат на градење на довербата и оти само во таква атмосфера е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името.