Ново поскапување на горивата од полноќ.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 68,50 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48 денари за литар. Поскапува и мазутот за 0,764 денари на 29,367 денари за килограм.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува, односно останува на 66,50 денари за литар.
Во просек, малопродажните цени се зголемени за 1,23 проценти.
РКЕ причина за новите поскапени цени на дериватите ги наведува за 3,81 отсто повисоката просечна цена на сурвата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,54 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.