Брајан Хојт Ји поднесе оставка на местото помошник заменик државен секретар на САД за Европа и Евроазија, потврдуваат од Стејт департментот за Ал Џезеира.
Во одговорот се наведува дека Хојт Ји ги известил колегите од американското министерство за надворешни работи за својата одлука.
Хојт Ји на оваа позиција беше од 2013 година, а како негов наследник неофицијално се споменува поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина Џонатан Мур.
Во јавноста се шпекулираше дека Хојт Ји би можел да ја преземе должноста амбасадор на САД во некоја од државите на Западен Балкан. Прво, се споменуваше дека ќе биде амбасадор во Македонија, а според српски „Блиц“, Хојт Ји ќе биде новиот амбасадор на САД во Сараево.