„Црн Бор” – Прилеп започна со склучување на договори за продажба на огревно дрво за грејната сезона 2018/2019

ЈП „Македонски шуми”-Скопје објавува Повик за интерес врз основа на кој што Подружницата „Црн Бор” – Прилеп врши продажба на огревно дрво бука и даб за грејната сезона 2018/2019 година. Преку овој повик се информираат сите заинтересирани корисници на огревно дрво од Општина Прилеп дека се врши склучување на нови договори каде што плаќањето ќе биде во готово или на шест еднакви рати, при што при склучувањето на договорот, купувачите освен што ќе треба да го пополнат Барањето за склучување на договор за огревно дрво-кое се пополнува на лице место, потребно е да приложат и копија од лична карта, како и копија од трансакциска с-ка. За физичките лица-пензионери, покрај претходно наведеното, ќе треба да достават и чек од пензија или решение за инвалидност.

 

Склучување на договор на 8 рати, можат да склучат и лица од социјално ранливи категории во кои се вбројуваат – социјални случаеви, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители, стечајни работници, семејства на бранителите, на вработени кои останале инвалиди на трудот,  како и вработени кои што загинале при работа. Доколку овие претходно наведени категории,  уплатата ја извршат во готово, следува 10% попуст на цената на огревното дрво.

 

Купувачите кои што спаѓаат во оваа категорија, својот статус треба да го докажат со поднесување на Потврда од соодветна надлежна институција, и можат да купат најмногу 12 м.п со попуст од 10% за уплата во готово.

 

 Купувачите кои спаѓаат во групата Ранлива категорија-Бранители, својот статус можат да го докажат ЕДИНСТВЕНО преку приложување на соодветна потврда изадена од ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОДБРАНА.

 

Цената за сите категории на купувачи на огревно дрво е иста, односно:

 

Даб  I/II-метар просторен со пречник од 7-16 см изнесува 2.660 ден со вклучен превоз, утовар и растовар до купувачот

 

-Бука I/II-метар просторен  со пречник од 7-16 см изнесува 2.580 ден со вклучен превоз, утовар и растовар до купувачот

 

-Сеченица Бука/Даб со пречник од 3-7 см изнесува 2.070 денари за еден метар просторен

 

 

Договорите ќе се склучуваат во просториите на Продавницата на ПШС „Црн Бор” – Прилеп кај Железничката станица, најкасно до 31.03.2018 година, односно до исполнување на планираните количини на огревно дрво од страна на Подружницата.

 

 

Исто така, Ве информираме дека ќе се склучуваат годишни договори за продажба на огревно дрво со Здруженија на пензионери, Инвалиди на трудот и Синдикати на правни лица, при што рокот на аплицирање за оваа категорија на потрошувачи е до 31.12.2017 година, а рокот на склучување на договори е од 1 Јануари па се до 10 Февруари 2018 година.

 

Што се однесува околу склучувањето на купопродажни договори за техничко дрво, се замолуваат сите заинтересирани коминтенти да се обратат директно во седиштето на Подружницата во Прилеп, се со цел да добијат-детални, конкретни и прецизни податоци околу постапката и начнот на склучување на договорите за техничко дрво.

 

Подетални  информации за продажбата на огревна и техничка дрвна маса може да се добијат на телефонскиот број 048-435-089, или директно во Секторот за Комерцијални работи при ПШС Црн Бор-Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи