Во поплави и свлечишта во Калифорнија загинаа 13 лица

Facebook
Twitter
Email
Print

Калифорнија, по големите пожари што се случија пред неколку недели, сега е зафатена од друга природна катастрофа. Најмалку 13 лица го загубиле животот од лизгањето на земјиштето поради обилните дождови, а 163 лица побарале помош во болница, бидејќи кал и карпи со големина на автомобил се тркалале од ридовите кон нивните домови во јужниот дел на Калифорнија.

 

Звучеше како страшен воз кој се симнува по планината. Целата куќа се тресеше.“ – вели Џон Ливергод, жител во поплавената зона

 

Се соопштува дека 50 луѓе беа спасени со хеликоптер, додека 300 други остануваат заробени во кањонот Ромеро во Санта Барбара. Вчера, кога удри првата бура принудно се евакуирани околу 21 илјади лица. Поплавите и лизгањето на земјиштето се случија во истите области кои беа изгорени од шумските пожари минатиот месец.

 

Властите стравуваат дека бројот на жртвите ќе расте. Куќите зафатени од свлечиштата се поместени во темелите, додека водата носи тиња и шут од оголените ридски предели низ населбите до клучните сообраќајници. Полицијата вели дека местата зафатени од свлечиштата „изгледаат како бојно поле од Првата светска војна“.

 

Тимовите за спасување на хеликоптери ги извлекуваат луѓето и ги транспортираат на безбедно место, додека пожарникарските тимови се пробиваат низ калта која е на ниво на струкот. Во некои места, наносите на тиња се високи дури и по еден метар.

 

 

Првата голема бура оваа сезона донесе  силни ветришта во Калифорнија и бури, а рекордно големи дождови беа забележани во крајбрежната област на Сан Франциско. Метеоролозите издадоа предупредувања за поплави и предвидоа дека бранот на студ со силни ветришта би можел да донесе повеќе дождови во Лос Анџелес отколку што имало во изминатите 10 месеци.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи