Руски носач на авиони се судри со товаран брод од Сиера Леоне во водите на Егејското Море, соопшти денеска Воената морнарица на Русија.
Во соопштението се наведува дека при судирот носачот на авиони претрпел помала штета. по што безбедно се вратил во своето пристаниште. Портпаролот на Црноморската флота, Вјачеслав Трухачев, рече дека при судирот немало повредени и дека бродовите продолжиле со своето патување.
Тој додаде дека инцидентот се случил на 30 декември, јужно од Родос.
Носачот на авиони, кој е дел од составот на руската Црноморска флота, бил на пат од Медитеранот кон пристаништето Севастопољ на Крим.
121