Барселона го донесе второто засилување за оваа зима!

Facebook
Twitter
Email
Print

По рекордниот трансфер на Филипе Кутињо, „Каталонците” донесоа уште едно засилување. На Камп Ноу пристигнува талентираниот Јери Мина за 11.8 милиони евра од редовите на Палмеирас.

 

Она што се најавуваше подолго време, официјално е потврдено денеска. 23 годишниот Јери Мина ќе биде првиот Колумбиец кој ќе го облече дресот на Барселона. Играчот ќе стави потпис на пет пипол годишен договор и ќе се обврзе кон Барселона до 30. јуни 2023 и ќе добие откупна клаузула од 100 милиони евра.

 

Овој фудбалер е роден на 23 септември 1994 година во Колумбија и тој пристигнува во Барселона како засилување на позицијата на централен дефанзивец. Тој е висок 195 сантиметри и исто така е брз фудбалер. Мина е прв Колумбиец кој ќе игра во каталонската гордост, а Барселона добива уште едно оружје за нападот, затоа што високиот стопер често постигнува голови од прекини.

 

Тој во 33 натпревари за бразилскиот тим, Палмеирас, постигна осум голови, а од дебито раше за својата репрезентацијата во девет натпревари колку што одигра за Колумбија, успеа да даде три гола.

 

Што добива Барса со најновото засилување може да погледнете на следното видео.

 


 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи