Германија на чекор до нова влада – Меркел и Шулц оптимисти

Двете најголеми политички партии во Германија, ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел и СПД на Мартин Шулц се согласија да започнат преговори за формирање на коалициска влада, нивна втора едноподруго.

 

По маратонски 24-часовни преговори кои завршија рано утрово, двете партии се договорија да започнат формални преговори за формирање на коалициска влада.

 

„Нов почеток за Европа, и нов почеток за Германија“, изјави Меркел по завршувањето на преговорите.

 

Сондирачките разговори финишираа со документ на 28 страници кој ги опфаќа сите клучни политики на идната влада. Компромис е постигнат за цела серија прашања и политики: од даноците преку миграцијата па сѐ до здравствена нега. Начелниот договор во текот на денот треба да биде потврден од страна на управните одбори на Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел и Социјалдемократската партија (СПД).

 

Тие планираат да ги ограничат пристигнувањата на азиланти на околу 200.000 годишно. Планот, исто така, предвидува и ограничување од влез на 1.000 мигранти месечно на кои ќе им биде дозволено да се приклучат на своите семејства кои веќе живеат во Германија. Покрај тоа, приоритет ќе биде и создавањето на посилен сојуз со Франција, како и обезбедувањето на социјална кохезија на Германија.

 

Конзервативците и СПД веќе два пати владееле заедно во последните 12 години. Според проценките, новата влада во Германија би можела да се очекува околу Велигден.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien