ЕУ: Косово да се откаже од укинувањето на Специјалниот суд

Facebook
Twitter
Email
Print

Европската унија денеска ги повика косовските пратеници да се откажат од иницијативата за отповикување на одлуката за формирање на Специјален суд за воени злосторства на ОВК.

 

Канцеларијата на ЕУ во Косово соопшти дека е „исклучително загрижена“ поради иницијативата на 43 косовски пратеници за укинување на Законот за Специјализирани совети и Канцеларија на специјален обвинител. ЕУ ги повика да се откажат од таквиот план.

 

„Секој обид да се отповика или промени мандатот на специјалните инстанци, сериозно ќе ја наруши обврската преземан од страна на Косово уште од 2014 година и ќе ги загрози заедничките напори на ЕУ и Косово во областа на владеењето на правото, што негативно ќе влијае врз односите на Косово со ЕУ“, се вели во соопштението.

 

ЕУ апелира кон иницијаторите во парламентот да се повлечат и ги поздрави политичките лидери, медиумите и граѓанското општество кои „го кренаа својот глас против овие штетни иницијативи во парламентот“.

 

Законот за специјалниот суд за воени злосторства во Косово беше усвоен во 2015 година. Седиштето на Судот е во Хаг и е одговорен за злосторствата извршени за периодот 1998-2000.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи