Во францускиот шампионат се случи една од најнеобичните ситуации некогаш видени на фудбалските терени. Последниот натпревар од 20. коло помеѓу Нант и ПСЖ го одбележа неверојатниот потег на судијата Тони Чапрон.
Во самиот финиш на натпреварот дефанзивецот на Нант, Диего Карлос, и судијата имаа случаен судир при што на тревата се испружи главниот судија, кој потоа го удри играчот и му покажа втор жолт картон што значеше автоматски црвен.
Cannot believe what I’ve just seen, Nantes player accidentally trips ref, ref lashes out at player then sends him off! pic.twitter.com/9cGwKNC05y
— Fittzy (@JoeBazooooka) January 14, 2018
Бразилецот не можеше да поверува дека за него натпреварот е завршен, а на трибините полуде и претседателот на Нант Валдемар Кит.
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Франција реши привремено да го суспендира судијата, но најави дека санкцијата ќе биде поригорозна. Околу судбината на Чапрон, кој го изненади светот со својата реакција, ќе се решава во наредниот период.