Денеска ненадејно во Лондон почина Долорес О’Риордан, фронтменката на бендот „The Cranberries“. Таа имаше 46 години. Засега не се познати деталите и причините за смртта.
Долорес е родена и израснат во областа Балибрикен во округот Лимерик, Ирска. Во 1990 година таа се пријавува на аудиција за пејач на групата наречена „The Cranberry Saw Us”, која на крајот станува само „The Cranberries”.
„The Cranberries“ издадоа 8 албуми : Everybody Else Is Doing It, So Why Can’t We? (1993), No Need To Argue (1994), To the Faithful Departed (1996), Bury the Hatchet (1999), Wake and Smell the Coffee (2001), Roses (2012) и „Something Else“ (2017).
Бендот The Cranberries беше на врвот од својата популарност во 1990-те со нумерите како „Zombi“, „Just My Imagination“ и „Animal Instinct“ кога продадоа повеќе од 40 милиони носачи на звук во светот. Албумот „No Need to Argue“, исто така, забележа голем успех.
Во 2003 година членовите на групата договорија пауза и секој од нив се занимаваше со приватни проекти. Долорес О’Риордан во разговор во 2012 година дека во тој момент имала петгодишен син и двогодишна ќерка, како и дека им била потребна промена.
Групата повторно се собра во 2009 година и три години подоцна го издадоа албумот „Roses“. Нивниот последен албум со наслов „Something Else“ беше објавен минатата 2017 година.
Еве дел од култните хитови на оваа група :