Мерцедес на Хитлер на аукција

Редок луксузен автомобил Мерцедес, кој го користел германскиот диктатор Адолф Хитлер следниот месец ќе биде понуден на аукција во сојузната американска држава Аризона.

 

Мерцедесот од 1939-та година е еден од само четирите вакви модели што некогаш биле направени.

 

Автомобилот кој претходно имал неколку приватни сопственици, бил користен од Хитлер за време на победничката парада во Берлин по победата над Франција.

 

Американските медиуми известуваат дека автомобилот би можел да се продаде дури за милион долари.

 

Аукционерите велат дека 10 проценти од продажната цена ќе биде донирана, а парите ќе се користат за едукација за Холокаустот и како ефикасно да се спречат таквите ужасни настани во иднина.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи