НСП: На полицајците не им се исплаќа прекувремена работа

Facebook
Twitter
Email
Print

Независниот синдикат на полицијата денеска обвини дека околу на 1.500 припадници на полицијата не им се исплаќаат прекувремените работни часови.

 

Претседателот на синдикатот Гоце Делчев изјави дека според нивните информации има бројни станици каде на вработените не им е исплатено за сработената прекувремена работа. Тој повика МВР да им исплати на сите полицајци кој оствариле 150 работни часа и исплатата да биде по принцип една просечна плата на ниво на РМ.

 

„Го предупредуваме Министерството за внатрешни работи итно да отпочне со проценка на сите доставени списоци кои се однесуваат на прекувремените работни часови и тие да бидат исплатени“, изјави Делчев.

 

Тој додаде дека најголем број од припадниците на кои не им е исплатено за прекувремената работа се од Единицата за брзо распоредување, СВР Скопје и останатите сектори за внатрешни работи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи