Британија именуваше министер за осаменост, за да се продолжи работата на убиената застапничка Џо Кокс која беше убиена во 2016 година од страна на десничарските екстремисти и да се реши проблемот со изолираност, со кој се соочува речиси секоја десетта личност во оваа земја.
Новата функција ќе ја врши министерката за спорт Трејси Крауч напоредно со сегашната работа. Таа ќе треба да направи стратегија за решавање на овој проблем, за кој научниците велат дека е поврзан со деменција, ран морталитет и висок крвен притисок.
Поголемиот дел од луѓето постари од 75 години живеат сами, а околу 200.000 постари личности во Британија немаат разговарано со пријател или роднина подолго од еден месец, пишува во документите на Владата.
Поголемиот број од докторите во оваа земја секој ден примаат меѓу еден и пет пациенти кои бараат помош бидејќи се осамени, соопшти граѓанска организација која се занимава со решението на овој проблем.
Кокс основаше комисија за разгледување на ова прашање непосредно пред да биде убиена и ја повика Владата да именува министер кој ќе се занимава со оваа тема.