Македонската фаланга и на ова европско првенство доминира на трибините. Кога нашите ракометари се на теренот, гледалиштето е црвено-жолто. Тоа не остана незабележано од медиа-тимот на ЕХФ.
“Македонците навиваат за нивниот тим“ – е насловот на специјалното видео на ЕХФ посветено на македонската фаланга.
Преку 2000 македонски навивачи се дојдени во Загреб за да и дадат поддршка на својата национална селекција.