Северна и Јужна Кореја ќе го формираат првиот заеднички олимписки тим

Facebook
Twitter
Email
Print

Северна и Јужна Кореја се согласија да формираат унифициран женски хокејски тим за претстојните Зимски олимписки игри и на свеченото отворање да маршираат под унифицирано знаме, според заедничката изјава.

 

Северна Кореја треба да испрати делегација што ќе се состои од околу 550 члена, вклучувајќи 230 навивачи, 140 уметници и 30 таеквондо борци, во јужнокорејскиот главен град Сеул на 25 јануари.

 

Денешниот договор значи дека ова ќе биде првпат за 27 години да се состави заеднички корејски спортски тим, од Светското првенство во пинг-понг во 1991 година и Светското младинско првенство на ФИФА, како и прво во историјата на Олимписките игри.

 

„Спортистите од двете Кореи досега марширале заедно на меѓународни спортски настани околу девет пати“, рече јужнокорејскиот министер за култура, спорт и туризам До Јонг-ван во понеделникот, пренесе Чосун Илбо.

 

„Мирот на Корејскиот Полуостров преку спортот е вредност кон која се стреми и Олимпијадата“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи